Над 50 лица загинаа во пожарите во Грција, Европа се мобилизира за помош

Сподели со своите пријатели

Грчките власти стравуваат дека бројот на жртви во големио пожар кој зафати широка територија околу Атина би можел да се зголеми, па европските земји ги мобилизираа силите за помош на својата членка.

Владата на премиерот Алексис Ципрас побара од европските земји дополнителни хеликоптери и пожарникари да помогнат во борбата против огнената стихија во која досега, според официјални податоци, загинаа 54 лица, меѓу кои и деца, додека 15 се повредени.

 

Loading...

 

Се стравува дека бројот на жртви би можел да е поголем. Прва помош на Грција и испратија: Италија, Германија, Полска, Франција, икипар, Израел, Шпанија, Бугарија и Полска. Помош понудија и Србија и Хрватска.

– Првиот пожар се појавил во четврток, а во последните 24 часа потпомогната од силниот ветер во источна Атина се прошири и на туристичките места Мати, Рафина, Неос Воутза и Пентели.

 

 

Во Грција е прогласена вонредна состојба, а националните знамиња на владата и парламентот се спуштени на половина копје.

Leave a Reply