Над 5.200 члена во СДСМ Куманово го обновиле членството

Сподели со своите пријатели

Над 5.200 лица го обновиле членството во Општинската организација на СДСМ Куманово, со што е завршен процесот на реевиденција, информираше денеска на прес конференција Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на кумановскиот огранок на партијата.

Loading...

Со завршувањето на овој процес, вели таа, на државно ниво се реевидентирани над 80.000 лица.

– Овој процес на промени го заокружуваме на 21- ви март кога ќе се одржат првите внатрепартиски непосредни избори, каде секој член ќе може да гласа за претседател на СДСМ. Согласно Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ, Централната изборна комисија одржа седница на која беше потврдена и објавена единствената пријавена  кандидатура на Зоран Заев за претседател на СДСМ, изјави Пешиќ Бошковска

Со овој крупен исчекор кон демократизација и модернизирање на партијата, вели таа, СДСМ поставува нови стандарди во политичкото дејствување во државата, што ќе придонесе и за демократизација на целото општество.

Никола Ивановски

Leave a Reply