Околу 42.000 луѓе се во опасност од поплави од двете страни на реката Днепар по вчерашното уништување на браната Нова Каховка, соопштија денеска украинските власти, предупредувајќи дека врвот на водениот бран ќе следи денеска.
Вчера, да потсетиме, шефот на агенцијата за помош на ОН, Мартин Грифитс, му рече на Советот за безбедност дека уништувањето на браната ќе има „тешки и далекусежни последици за илјадници луѓе на југот на Украина од двете страни на линијата на фронтот, кои ќе ги загубат домовите, храната, водата за пиење и средствата за живот“.
„Вистинските размери на оваа катастрофа ќе станат појасни дури во наредните денови“, додаде тој.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.