Над 40.000 домаќинства се уште без струја во Тајван поради тајфун

Сподели со своите пријатели

Во Тајван, повеќе од 40.000 домаќинства се уште се без струја поради тајфунот Хаикуи, кој ги погоди источниот и јужниот дел на островот, а училиштата и деловните субјекти беа затворени во погодената област, додека авиокомпаниите ги откажаа летовите.

Loading...

„Хаикуи“ е првиот тајфун што директно го погоди Тајван во последните четири години.

Без струја во неделата останаа повеќе од 160.000 домаќинства, но во меѓувреме е вратено снабдувањето со илјадници корисници, така што сега повеќе од 40.000 домаќинства немаат струја, објави државната компанија Тајпауер.

Во областите и градовите низ јужниот, источниот и централниот Тајван, наставата беше откажана за денес, а на работниците им беше даден слободен ден, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обновливите извори сочинуваат над 30% од производството на електрична енергија во светот

За денеска се откажани и фериботите до блиските острови.

Над 40 лица се повредени во ударот на тајфунот „Хаикуи“ во Тајван, а повеќе од 7.000 луѓе се евакуирани, објави „Гардијан“.

Во градот Тајтунг силниот ветер корнеше дрвја.

„Хаикуи“ утрово почна да навлегува во Тајванскиот теснец и да се движи кон Кина, објавија тајванските метеоролози.

Loading...

Кинеските метеоролози утринава издадоа предупредување за тајфун за провинциите Фуџијан и Гуангжу.