Над 300 се уште исчезнати по пожарот на Хаваи

Сподели со своите пријатели

Официјални лица на Хаваи ги објавија имињата на 338 лица кои сè уште се водат како исчезнати повеќе од две недели по најсмртоносниот шумски пожар во САД во последните сто години што го опустоши туристичкиот град Лахаина.

Loading...

Списокот на ФБИ вклучува само луѓе со полни имиња и чие исчезнување го пријавил некој чии контакт информации биле проверени од властите.

„Овие 338 имиња се само дел од поширокиот список. Да не го изгубиме од вид фактот дека имаме уште неколку стотици имиња за кои ни се потребни дополнителни информации“, рече Стивен Мерил, агент на ФБИ во Хонолулу.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во Њујорк: Авион се урна на пат, има мртви!

Од објавувањето на списокот со имиња, ФБИ добил извештаи за околу 100 луѓе кои се живи, а агентите работат на потврда на таа информација, додаде Мерил.

Бројот на загинати во шумскиот пожар што избувна на 8 август во моментов е запрен на 115, но властите предупредуваат дека оваа бројка сигурно ќе се зголеми.

Спасувачите сè уште ги пребаруваат јагленосаните урнатини на Лахаина.

Ова е најсмртоносниот пожар во САД од шумските пожари во Минесота и Висконсин во 1918 година, во кои загинаа повеќе од 450 луѓе.