Над 30.000 евра пронајдени кај Турчин на Табановце

Сподели со своите пријатели

Над 30.000 евра пронашле граничните служби на ГП Табановце кај турски државјанин кој се обидел да влезе во Македонија.

Loading...

– На 31.03.2023 на Граничен премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки, управувано од Ј.О.(60) од Република Турција, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При прегледот во возилото биле пронајдени и одземени непријавени парични средства во износ од 31.000 евра.

– Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Запленети 22 автомобили при заедничка акција на Царина и МВР (ФОТО)

Никола Ивановски