Од вкупно 98.104 жители колку што има Општина Куманово според пописот спроведен минатата година, дури 3.628 лица поседуваат двојно државјанство.
Loading...
Според податоците на Државниот завод за статистика, 324 лица кои биле попишани во Куманово имаат само странско државјанство, а 113 лица немаат никакво.
Според етничката припадност меѓу лицата со двојно државјанство најмногу има Македонци, вкупно 1.582 лица, па следуваат 559 Албанци и 1.159 Срби.
Меѓу лицата кои пријавиле дека немаат македонско државјанство, а имаат од некоја друга држава има 196 Албанци, 32 Срби и 21 Македонец.
Меѓу лицата без никакво државјанство има 93 Албанци, 13 Роми и четворица Македонци.
Никола Ивановски