Над 3.000 лица со право на глас во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Вкупно 3.043 жители на Општина Старо Нагоричане утре ќе имаат право на глас на седмите претседателски избори во Македонија.

Loading...

На вкупно 38 избирачки места утре ќе се спроведе првиот круг од претседателските избори, информираше Маријан Даиловски, од Општинска изборна комисија Старо Нагоричане.

Денеска во Старо Нагоричане право на глас имаат осум болни и немоќни лица.

Инаку, најголемо избирачко место во Старо Нагоричане е 1178, односно во основното училиште во истоименото село, со 399 гласачи, а најмало по број на гласачи е избирачко место 1166 каде гласаат 4 гласачи и истото се наоѓа во село Брешко.

Никола Ивановски