Над 250 деца од Куманово дел од „Бадниковата поворка“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Над 250 деца од Куманово денеска беа дел од Бадниковата поворка која од Соборниот храм „Свети Никола“ продефилира по централното градско подрачје.

Loading...

Дечињата носејќи ја пештерата во раце симболично го прикажаа местото каде се родил Исус Христос, односно Витлеемската пештера, воедно пеејќи ја песната „Вечниот Бог“.

По дефилето низ кумановските улици тие се упатија во Занаетчискиот дом, каде беа пречекани од градоначалникот Максим Димитриевски кој ги даруваше со божиќни пакетчиња.

– Денеска е голем ден за сите православни христијани.  Традиционално и оваа година општината  во соработка со голем број невладини организации и здружениеја отпочнува со чествување на многу манифестации во пресрет на Божиќ. Ја користам оваа прилика да им го честитам Бадник на сите граѓани на нашата општина, да посакам благосостојба во секој дом и секако повеќе мудрост, здравје, среќа, слога и взаемно разбирање во 2020-та , да тргнеме во остварување на поголеми цели за сите нас, а тоа е пред се, поубав живот за сите. Традицијата е таа која треба да не држи заедно сите, се заблагодарувам на сите учеснци и поддржувачи на Бадниковата поворка, на родителите и останати учесници, изјави Максим Димитириевски, градоначалник на Куманово.

Loading...

Организатор на настанот е Здружението „Бадникови поворки“ кои имаат за цел оброна на традиционалниот древен обчија за славење Бадник.

– Дечињата ја носат пештерата во рацете што ја симболизира Витлеемската пештера, во рацете носеа ѕвездички кои ги симболизираат Витлеемската ѕвезда која што го покажа патот на мудреците до пештерата. Дечињата ја пееја песничката Вечниот Бог, една од целоте на нашето здружение е возобновување нан старите божиќни песни.  На сите православни христијани им го честивам овој голем мир, спокојство и бадниковата радост да ги прати во текот на целата година, изјави Ана Денковиќ – Антевска, Здружение „Бадникови поворки“

Подароците се спонзорирани од повеќе граѓански и хуманитарни здруженија, бизнис заедницата од Куманово.

– Невладината организација „Крепост“  и вчера организираше уште една хуманитарна акција , дониравме пакети со храна за бадниковата трпеза за семејствата во социјален ризик во општините Старо Нагоричане и Кумамово.   И  денеска „Крепост“ дава свој придонес во помош на организацијата,  донација на бадникови пакетчиња и слично , изјави Марко Андевски од ХО „Крепост“

Бадниковата поворка се организира по четврти пат во Куманово, а над десетина илјади деца на ниво на целата држава денеска се дел од оваа манифестација.

Leave a Reply