Над 24.000 луѓе евакуирани во Русија од Украина за 24 часа

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 24.000 луѓе, вклучително и најмалку 3.700 деца, се евакуирани во Русија од опасните области на Украина и самопрогласените Лугански и Доњецки Народни републики во изминатите 24 часа, изјави шефот на рускиот Национален одбранбен оперативен центар, изјави генерал-полковник Михаил Мизинцев, пренесува Танјуг.

Loading...

„Во изминатите 24 часа, 24.068 лица, меѓу кои 3.726 деца, беа евакуирани од опасните области на Украина и републиките Донбас во Руската Федерација без учество на украинските власти, додека од почетокот на специјалната воена операција, 2.359.135 лица, од кои 371.925 деца се евакуирани“, рече Мизинцев, пренесува ТАС С.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се огласи Кремљ по најавите за употреба на американско оружје за напади на руска територија

Од почетокот на конфликтот, дури 368.685 приватни возила ја поминале руската државна граница, а во изминатите 24 часа 4.310, рече тој, пренесува руската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.