Над 170 возачи казнети викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Над 170 казни напишала полицијата во текот на изминатиот викенд на возачите во Куманово поради различни сообраќајни прекршоци.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 174 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Најголем дел од казните, или вкупно 140, биле поради управување возило со брзина поголема од пропишаната.

17 санкции биле изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 8 за управување возило без возачка дозвола, 6 за нерегистрирано возило и 3 возачи на мотоцикли.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

Сообраќајните контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски