Над 130 милиони луѓе ќе страдаат од деменција до 2050 година

Сподели со своите пријатели

До 2050 година над 130 милиони луѓе ширум светот ќе живеат со деменција, а еден од секој трет случај би можел да биде спречен ако луѓето во голема мерка би се грижеле за здравјето на мозокот, покажало истражувањето објавено во медицинскиот магазин „Лансет“.

Меѓу клучните фактори на ризик за настанување на деменција се недостаток на образование, губење на слух, конзумација на игари и физичка некативност, се наведува во статијата.

Се проценува дека 47 милони луѓе во светот моментално имаат деменција. Истражувањето е претставено на конференцијата на Меѓународното здружение „Алцхајмер“ во Лондон.

Извештајот го направиле 24 светски експерти кои наведуваат дека начинот на живот на поединците може да има голема улога во зголемувањето или намалувањето на ризиците за настанување на деменција.

Иако деменцијата се дијагностицира подоцна во животот, промените обично започнуваат да се развиваат во годините пред тоа – вели Гил Ливинстон, провесор на Лондонскиот универзитетски колеџ.

Истражувањето покажало дека оние кои не се во можност да завршат средно училиште се во најголем ризик од деменција, а авторите на статијата советуваат дека продолжувањето со учење за време на целиот живот може да ги зголеми когнитивните резерви.

Уште еден голем ризик е губењето на слух во средното доба, што може да доведе, како што наведуваат истражуваачите, до социјална изолација и депресија, која се меѓу можните ризични фактори за деменција.

Експертите наведуваат уште една клучна порака – она што е добро за срцето, добро е и за мозокот.

Живот без пушње, со физичка активност, одржување здрава телесна тежина, лечење на високиот крвен притисок и дијабетес можат да го намалат ризикот од деменција, како и кардиоваскуларните болести и ракот.

Истражувачите додаваат дека немале доволно пдоатоци кои го вклучуваат влијание на исхраната и алкохолот, за кои сметаат дека исто така се значајани.