Над 120 лица загинаа поради ниските температури во Авганистан

Сподели со своите пријатели

Над 120 лица загинаа поради ниските температури во Авганистан во последните две недели.

Loading...

Околу 70.000 грла добиток угинале за време на најстудената зима во последните 10 години, објави Министерството за вонредни состојби.

Многу хуманитарни организации ги прекинаа своите операции во последниве недели бидејќи Талибанците им забранија на невладините организации да работат.

Многу области во Авганистан сега се целосно отсечени поради снегот.

Воени хеликоптери беа испратени да ги спасат локалното население, но не можеа да слетаат во планинскиот регион, изјави министерот Мула Мохамад Абас Ахунд за Би-Би-Си.

„Повеќето од луѓето кои ги загубија животите поради студот беа овчари или луѓе од руралните средини. Тие немаа пристап до здравствена заштита“, додаде тој.