Над 100 ученици помалку во Куманово во второто полугодие

Сподели со своите пријатели

Над 100 ученици помалку седнале во училишните клупи на кумановските основни и средни училишта во второто полугодие.

Loading...

Како што информираат денеска од Општина Куманово, од 29 ученици биле испишани од четирите средни училишта во градот. Во оваа статистика не влегува училиштето „Киро Бурназ“ кое е државно.

Доста поголем е бројот на испишани ученици во основните училишта. Таму 102 деца не го продолжиле своето образование во Куманово.

Во 16те основни училишта во Куманово во септември настава започнале 9.296 ученици, а во четирите средни училишта имало 3.596 деца.

– Овие податоци укажуваат на фактот дека трендот на иселување продолжува и во текот на учебната 2023/24 година, стои во соопштението на Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар над Манастирот во Матејче

Ако се земе предвид дека 131 ученик се испишале поради иселување во странство, и во претпоставка дека заминале само со мајка и татко, тогаш се доаѓа до бројка од скоро 400 лица кои ја напуштиле земјава.

Никола Ивановски