Над 1.400 нови случаи во Русија за еден ден

Сподели со своите пријатели

Во Русија, во изминатите 24 часа се пријавени 1.459 нови случаи на коронавирус, додека 13 пациенти починале, а 118 се излечиле, соопшти рускиот оперативен центар.

Loading...

Досега, на територијата на Русија се регистрирани 10.131 случаи на инфекцијата во 81 регион, додека 76 пациенти починале. Излечени се 698 лица.

Кина со нови мерки, во страв епидемијата да се врати

Заменик-градоначалникот на Москва за социјален развој, Анастасија Ракова, рече дека Москва останува во фокусот на вирусот во Русија и дека во изминатите 24 часа се пријавени 857 нови случаи, при што се излечени уште 43 лица. Досега се излечени вкупно 313 пациенти во главниот град на Русија.

Во Русија досега биле тестирани над еден милион луѓе на Ковид-19, соопшти прес-службата на руското државно санитарно тело за надзор и контрола.

Во САД скоро 2.000 жртви последното деноноќие

Како што велат, 171.000 луѓе се под медицински надзор поради сомнеж на вирусот.

Leave a Reply