Над 1.200 активни случаи во Куманово, благ пад на нови случаи изминатата недела

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (05.04 – 11.04) се бележи благ пад на бројот на новозаболени, но и благ пораст на починати пациенти од коронавирус во Куманово споредбено со неделата претходно.

Loading...

Вкупно 484 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела. Тоа е значително зголемување во однос на неделата претходно кога биле регистрирани вкупно 503 нови случаи.

 

 

Благ раст бележи бројот на починати лица. Во изминатата недела битката со вирусот ја загубија 16 лица, а во претходниот седумдневен пресек имало 15 починати лица.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во четврток, вкупно 90 лица, а најцрн ден од изминатата недела според бројот на починати е петок, кога како последица од компликации предизвикани од Ковид-19 починале по четворица пациенти.

 

Loading...

 

Досега оздравени во Куманово се вкупно 6.148 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Вкупно 264 пациенти од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот.

 

 

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 7.654 случаи позитивни на коронавирусот со што е на второто место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје.

Loading...

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 1.242 случаи. Пред Куманово во однос на активни случаи се само Скопје и Битола.

Сепак процентот на заразени во Куманово според глава на жител, спроедбено со другите градови во државата е помал, со што Општина Куманово е на 16то место, а претходат и многу помали општини како Богданци, Кочани, Делчево, Ресен, Свети Николе, Берово, Велес, Охрид, Прилеп, Гевгелија, Штип, Демир Капија, Неготино, Скопје и Кавадарци.

 

 

Куманово има 5.35% заразено население, додека тој процент во Квадарци кој е рекордер е дури 11,25 отсто.

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 141.820 случаи, од кои во моментот се активни 20.836 лица. Излекувани се 116.780, а починати 4.228 пациенти. Стапката на излекувани изнесува 82,34%, а на смртните случаи 2,98%.

Никола Ивановски

Loading...

Извор: Министерство за здравство и gdi-sk

Leave a Reply