Над 1.000 првачиња есенва ќе тргнат во кумановските училишта

Сподели со своите пријатели

Над илјада првачиња есенва ќе седнат во училишните клупи во вкупно 16 општински основни училишта во Куманово.

Loading...

Од Секторот за образование при општината информираат дека во мај се запишале вкупно 1.047 деца за прво одделение.

Раководителот на секторот, Александар Јовановиќ очекува бројката малку да порасне до почетокот на учебната година, и ја оцени состојбата како задоволителна во споредба со лани кога биле запишани 1.075 првачиња.

– Има родители кои се на привремена работа, или поради некоја друга оправдана причина ги немаат запишано учениците во прво одделение, што значи очекуваме и оваа бројка да се зголеми, изјави Јовановиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Едно лице тешко повредено во верижен судир во кумановско

И годинава традиционално пооптоварени се училиштата во подрачјето на градот, каде се запишале 737 деца, додека руралните средини имаат далеку помал број, само 310 првачиња.

– Централните училишта се нормално најоптоварени ги исполнуваат сите оние критериуми по 20-30 ученици во паралелека тоа е максиумот што го дозволува министерството, но во руралените средини кои се поодалечени, или имаат подрачни училишта, таму има по еден ученик, и ќе чекаме, вели тој.

За училиштата во рурални средини каде се запишале многу мал број првачиња, ќе се чека на упатства од Министерството за образование и наука, дали ќе може да учат во подрачните или ќе мора да патуваат до централните училишта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грк приведен на Табановце поради нудење поткуп

– Ќе имаме обука за претстојниот процес на оптимизација кој го најавува Министерството за образование да видиме што ќе се прави и изготви Министерството како и тогаш ќе знамаеме кои ученици ќе си останат во подрачните училшта или ќе треба да организираме посебен превоз да ги донесеме во централните или во најблиското училиште. Или да видиме како Министесртвото дали ќе стартува од оваа учебна година или од наредната, но старт сме на процес кој ќе е долготраен и ќе се изврши ново мапирање на училишта не само во Куманово, туку и на ниво на државата, објаснува раководителот Јовановиќ.

Loading...

Во учебната 2022/2023 година во кумановските основни училишта имало 10.097 ученици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Никола Ивановски