Над 1.000 Палестинци ќе бидат присилно иселени од 14 села

Сподели со своите пријатели

Израелските окупациски сили информираа дека повеќе од 1.000 палестински жители од 14 села Масафер Јата, меѓу кои и 500 деца, ќе бидат присилно иселени од своите домови во блиска иднина.

Loading...

Како што се наведува во соопштението на палестинската амбасада, протерувањето на палестинското население од нивната земја и користењето на окупираната земја за воена обука или која било друга цел е кршење на меѓународното право и може да претставува воено злосторство.

„Конфискацијата на имотот е еден од клучните столбови на израелскиот расистички систем на воена окупација и апартхејд над палестинскиот народ. Неколку земји и меѓународни организации, вклучително и ЕУ, ги осудија континуираните прекршувања на Израел, но само зборовите не се доволни. Меѓународната заедница мора да преземе итни конкретни мерки за да Израел одговара за своите кривични дела“, соопшти амбасадата.