Се поголем број туристи кои ја посетуваат Словенија се одлучуваат времето да го поминат во набљудување на медведи, што може да биде и многу опасно, па посетителите мора да имаат придружба од искусен водич, обично ловџија.
Медведите најдобро е да се набљудуваат во летниот период во почетокот на есента затоа што деновите тогаш се долги, а медведите излегуваат да бараат храна додека не падне мрак, вели Миха Јернејчиќ од Регионалниот парк Нотрањск, а пренесува СТА.
Loading...
Набљудувањето на медведи е безбедно ако посетителите ги следи вооружен ловџија, објаснува Јернејчиќ, додавајќи дека сепак нема можност медведот да се приближи на луѓето затоа што постои заштитен ѕид висок четири метри.
– Ако медведите почуствуваат дека се во близина на луѓето, се повлекуваат, нагласува Јернејчиќ.
Освен во Регионалниот парк Нотрањск, медведите можат да се набљудуваат и во шумите на регионот Кочевска, наведува словенечката агенција.