На затворениците од Азовстал ќе им суди Меѓународниот трибунал во ДНР

Сподели со своите пријатели

Претседателот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) Денис Пушилин денеска изјави дека на сите припадници на украинските сили кои се предале во Азовстал ќе им суди меѓународен суд што ќе биде основан во ДНР.

Loading...

 

Зеленски: 22 милиони тони храна блокирани во украинските пристаништа

 

Пушилин за Интерфакс изјави дека статутот на Трибуналот се подготвува, додавајќи дека заробените припадници на украинските сили се на територијата на самопрогласената ДНР.

 

Украинскиот парламент ги забрани руските воени симболи

 

Loading...

Последната група припадници на украинските сили во Азовстал им се предаде на руските војници на 20 мај, а Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили целосно ја контролираат таа поранешна челичарница во Мариупол.

Портпаролот на руското министерство изјави дека од 16 мај досега се предале вкупно 2.439 припадници на Азовскиот полк и други украински сили.