Осумгодишно девојче кое живее на улиците на Манила, Филипини е снимено како пишува домашна задача на дожд и на сите начини се труди да ги сочува книгите и тетратките да не накиснат. Нејзината псоветеност допре до сите кои ја гледале снимката и се здружиле да и помогнат.
Снимката на Елејн Долго, која покрај тоа што живее на улица, мора да се бори и против дождот додека пишува домашна задача, бргу стана вирална, пренесува Unilad.
Loading...
Вредното девојче не дозволи ниту бурата да и пречи, додека ветерот ги дува страниците на тетратката, таа продолжува да пишува. Во еден момент навлече јакна преку главата за да себе и својата домашна ги заштит од дождот.
Трогнати од тоа колку Елејн е посветена на образованието, како и условите во кои живее, покрената е страницата „GoFundMe“ за да се собере помош на девојчето и нејзиното семејство.
Оваа снимка која допре до бројни срца, ја забележал случаен минувач во Манила. Нему му рекла дека сака да биде најдобра во одделението, за да добие одлична работа и да му помогне на своето семејство.
И покрај тоа што живеат во престолнината, голем број семејства живеал далеку под границата на сиромаштијата и присилени се да живеат на улица додека плаќаат за образованието на своите деца.
Дипломирала како најдобра, а сега го тужи факултетот поради бизарна причина
И покрај тоа што доброто образование не е секогаш билет за подобар живот, Елејн се труди да не ги прескокнува училишните обврски.
Додека девојчето ја пишува домашната задача, нејзината мајка Елене и сестричката Александра спијат покрај котларницата на зградата. Нивниот татко Џери неодамна се разболел и повеќе не е во состојба да работи. Сосптвеникот на станот каде живееле ги исфрлил на улица неколку дена пред да настане оваа снимка, затоа што тие не можеле да платат кирија.
https://youtu.be/aLhsRqT4CEs