На Украинците повеќе не им се оди во војна

Сподели со своите пријатели

Контроверзниот предлог-закон за построги правила за мобилизација е повлечен од украинскиот парламент, а новата верзија е подготвена за владина ревизија, изјави вчера министерот за одбрана Рустем Умеров.

Loading...

Законот ќе му овозможи на Киев да регрутира повеќе луѓе во екот на војната против Русија која трае речиси две години, пренесува N1.

Оригиналниот предлог на законот содржеше можност нацрт-известувањата да се доставуваат по електронски пат, како и низа строги санкции за оние кои не го почитуваа.

Илјадници Украинци се пријавија во армијата веднаш по руската инвазија на 24 февруари 2022 година. Сепак, речиси две години подоцна, многу мажи се обидуваат да ја избегнат војната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Балтикот се исклучува од руската мрежа

Предлог-законот, кој владата го поднесе на крајот на декември по консултација со армијата, веднаш наиде на критики од јавноста и од политичарите.

Пратениците и аналитичарите рекоа дека некои одредби од законот го прекршуваат уставот и го зголемуваат ризикот од корупција.

Собраниската комисија за безбедност и одбрана со денови го разгледуваше предлог законот.

Умеров вчера изјави дека предлогот е повлечен.

Loading...

Нацртот мора да помине неколку читања, а потоа да биде потпишан од претседателот Володимир Зеленски.

Зеленски минатиот месец рече дека армијата предложила да се мобилизираат 450.000-500.000 дополнителни луѓе.

Началникот на армијата Валериј Залужни објасни дека бројката ги зема предвид воените планови и прогнозите за можни загуби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Севернокорејските војници се вратија на фронтот во регионот Курск

Воените аналитичари тврдат дека бројката од половина милион луѓе се однесува на период од една година.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.