На три локации вчера горела сува трева

Сподели со своите пријатели

Сувата трева не им дава мира на припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово, со оглед на бројот на интервенции кои ги имаат во текот на изминатите неколку дена.

Само вчера на три локации избувнувале пожари на сува трева, од засега непознати причини, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција била на опожарена сува трева на улицата „Доне Божинов“, во близина на Спомен Костурница, каде интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило, во период од 14:35 до 15:15 часот.

Интервенција бележат и на опожарено жито и сува трева во месноста викана „Беле Грамаде“ во Општина Старо Нагоричане, каде интервенирале тројца пожарникари со едно возило во пероиод 18 до 19 часот.

Само 10 минути подоцна, односно во 19:10 часот интервенција имале на опожарена сува трева на гробиштата во село Черкезе, каде исто така интервенирале тројца пожарникари и едно противпожарно возило.

Висината на материјалната штета засега не е позната, само се апелира на претпазливост, со палење оган на отворено, забрана за палење стрништа, но и да се внимава каде се фрлаат отпушоците.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.