На ТЦ Табановце се работи на четврта фаза од електричното вмрежување

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија информира дека во текот на вчерашниот ден се започнати нови градежни и инфраструктурни активности во Тразитниот центар Табановце.

Се работи на четврта фаза за струја предвидена за снабдување на административниот дел од Транзитниот центар, и монтирани се кревети со 40 ќебиња кои се земени од Црвен крст, со додадтни осум ќебиња ставени во магацин, информира Регионалниот центар за управување со кризи.

Што се однесува до потребите на кампот, МТСП наведува дека се потребни поправки во кујната на шаторот поради влага и вода на подот која тече од кровната конструкција.

За полициските службеници на влезот на бараката потребни се биро и маса, пет столчиња и компјутер, а припадниците на МВР користат и една закачалка од кујната.

Исто така за потребите на Министерството за труд и социјална политика потребни се картици за гориво, стои во дневниот извештај на Регионалниот центар за управување со кризи.

Инаку, спроведени се и активности за редовно одржување и функционирање на Транзитниот центар, а донирани се и поголем број на пакети со храна, пијалоци и топла облека од страна на разни невладини организации.