На ТЦ Табановце се донесени осумнаесет нови двокатни кревети

Сподели со своите пријатели

Осумнаесет метални кревети на два ката се распоредени во бараките во Транзитниот центар Табановце во текот на вчерашниот ден, информира Регионалниот центар за управување со кризи.

Во секоја од шесте бараки се распоредени по три кревети, а во меѓувреме како што јавува РЦУК, во ЕВН се информирани за зачестените проблеми со напојување со електрична енергија во кампот.

Во последните 48 часа, економски мигрант од Мароко е донесен на Хирургија при Општа Болница Куманово, каде по извршени здравствени прегледи (РТГ и лабараторија) и дадена потребна терапија, по стабилизирање на состојбата, мигрантот е вратен на Табановце, јавува РЦУК.

Од страна на ДДД служба при ЦЈЗ Куманово извршена e дезинфекција на 15 вагони – 3000 м.кв на Железничка станица Куманово, како и дезинфекција на 2500 м.кв.простор со објекти во пунктот за помош на мигрантите во Табановце.

Земен е и еден примерок на вода за микробиолошка анализа.