На Табановце утринава нема ниту војска, ниту специјални сили, а ниту мигранти (фото)

Сподели со своите пријатели

Десетте новоизградени тоалети и чешми останаа неискористени, откако на преминот Табановце од вчеранавечер нема ниту еден мигрант, јавуваат активистите на НВО ”Влазинија”, кои утринава со храна и вода заминаа на преминот, во рамки на дневните активности кои се спроведуваат за помош на бегалците од Блискиот Исток.

Loading...

 

 

Ситуацијата на преминот е мирна, без присуство на АРМ и специјални сили на МВР со оглед дека нема проток на бегалци како што тоа беше случајот до вчера наутро, кога на северната граница можеше да се видат и по 1500 мигранти кои чекаа влез на српска страна.

Според активистите од Гевгелија, во моментот на јужната граница, за влез во Македонија чекаат повеќе од 4000 мигранти и засега останува неизвесно кога Македонија ќе ги подигне рампите за бранот бегалци кој од ден на ден се зголемува за 1000 мигранти на ден.

По усвоените вондредни мерки за прогласување кризна состојба на северната и јужна граница, Премиерот Никола Груевски појасни дека присуството на АРМ на граничниот појас само ќе придонесе за подобар третман на бегалците, кои Македонија дневно ја чинат по 800 000 евра, вели Иво Котевски, портпарол на МВР.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.