На Табановце се поставува ограда за одделување на техничкиот дел од бегалците

Сподели со своите пријатели

Транзитно прифатниот центар Табановце се уредува забрзано, односно се поставува неопходната инфраструктура, и се поставуваат дополнителни монтажни објекти за потребите на мигрантите при нивното транзитирање, се вели во дневниот извештај на Регионалниот центар за управување со кризи.

Во текот на изминатите 24 часа од страна на ДДД службите при ЦЈЗ Куманово извршена e дезинфекција на 19 вагони со вкупна површина од 3800 м2 и дезинфекција на 800 м2 со вклучени  објекти.

Loading...

Како што информира РЦУК, поради безбедносни и здравствени причини, почнато е со поставување на ограда која ќе го дели техничкиот дел од делот кој што е предвиден за движење и сместување на мигрантите, а ископани се и дупки за поставување на бандери и истите се бетонирани.

Во текот на денот, двапати е извршено празнење на септичката јама, собирање на ѓубре и отпадоци на целокупниот простор, а исто така собраните ќебињата се однесени за перење во Визбегово.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.