На Табановце се фатени тројца крадци на ќебиња во сопственост на УНХЦР

Сподели со своите пријатели

Како што соопштува МВР, утринава во 00.30 часот, од страна на вработен во МТЦП на ПС за ГН Сопот, пријавено е дека непознати лица од контејнери во кругот на ТЦ – Табановце, одземаат ќебиња и ги товараат во ПМВ„Застава 101“.

Loading...

Во 01.00 часот од страна на полициски службеници е запрено наведеното возило, и при извршениот преглед пронајдени се  64  ќебиња со ознака на UNHCR.

Во возилото како возач е затекнат И.А. (37) и сопатниците И.М. (33) и И.Х. (19), сите од Скопје.

Тие се приведени и во 03.45 часот, и по изготвената документација со Потврда за предавање на лица и предмети , лицата и предметите (ќебиња и возило ) се предадени на СВР-Куманово  за понатамошна постапка.