На Табановце регистриран уште еден бегалец со суспектна жолтица

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа, тимовите на Итна медицинска помош не пружиле здравствена заштита на бегалци, јавува Региналниот центар за управување со кризи.

Loading...

Ден претходно, од прифатниот центар Табановце на Одделот за хирургија при Општа Болница Куманово е однесено едно женско лице и по санација на повредата е вратена на преминот, јавува РЦУК.

Како што информира ЈЗУ ЦЈЗ Куманово, во текот на изминатите 24 часа од страна на ДДД службата при ЦЈЗ Куманово извршена е дезинфекција на 10 вагони – 2000 м/2, односно дезинфекција на простор и објекти во пунктот за помош на мигранти на вкупна површина од 2700 метри.

Земена е една мостра на вода за микробиолошка анализа од чешма во пунктот.

Од страна на мобилен тим на Црвен крст регистриран е еден мигрант од Авганистан, машко лице возрасно со симптоми на инфективна жолтица кое веднаш го напуштило кампот.

Неколку дена претходно, на Табановце како што јави РЦУК, двајца бегалци со суспектна жолтица беа испратени на лекување во Општа Болница Куманово.