На Табановце приведено лице барано со потерница

Сподели со своите пријатели

На Граничниот премин„ Табановце“, вчера околу 14:10 часот при пасошка контрола било констатирано дека лицето Б.К.(37) од Скопје бил предмет на потрага за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 239 став 1 од Кривичниот законик – „затајување“, информираат од полицијата.

Loading...

Б.К. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Leave a Reply