На Табановце приведена Хрватка, незаконски престојувала во Македонија

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишна девојка, жител на Хрватска, вчера била приведена на ГП Табановце, поради незаконски престој во Македонија.

Loading...

– На 19.01.2021 околу 01.00 на Граничен премин Табановце, од слобода била лишена Т.П.(20) од Република Хрватска, затоа што при извршена контрола било констатирано дека незаконски престојува во Република Северна Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Таа била предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply