На Табановце приведен скопјанец, кај него пронајдени над илјада различни видови монети (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Педесет и едногодишен скопјанец бил приведен на Табановце откако граничните служби кај него откриле над илјада различни видови монети.

Loading...

– На 31.03.2023 во 14.30 часот на ГП Табановце, при влез во државата, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Север – Полициска станица Табановце е лишен од слобода С.Ј.(51) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Како што појаснуваат од полицијата, при извршена дополнителна контрола на лицето, пронајдени се и одземени 1.120 парчиња различни видови монети.

– Со него бил извршен службен разговор во кој тој појаснил дека монетите му биле испратени по карго, по претходен договор со лица во Република Србија, од каде отишол да ги земе, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Запленети 22 автомобили при заедничка акција на Царина и МВР (ФОТО)

Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува поднесок, стои во соопштението.

Loading...