На Табановце откриени превозници без соодветна документација

Сподели со своите пријатели

На граничниот премин Табановце викендов биле откриени патнички возила кои вршат меѓународен превоз на патници без соодветна документација.

Loading...

– На 03.12 и 04.12.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај пет патнички возила-комби, кои вршеле меѓународен превоз на патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при контрола на петте возила, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од А.С.(42), П.Ч.(24), Д.А.(35), В.Ј.(23) и Н.Г.(23), сите од Струмица и струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – дозвола за меѓународен линиски превоз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку луѓе гласале во Липково до 13 часот?

По целосно документирање на случаите, Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово ќе биде поднесена пријава по член 284-а од Кривичниот законик – „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.

Никола Ивановски