На Табановце откриени превозници без соодветна документација

Сподели со своите пријатели

Седум превозници на патници биле откриени на Граничниот премин Табановце кои немале соодветна документација.

Loading...

– На 29.09.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај седум патнички возила, кои вршеле меѓународен превоз на патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, при контрола на седумте возила, сите скопски регистарски ознаки, управувани од Б.Т.(35), К.Ѓ.(65), А.Г.(59), И.В.(39), С.Д.(45), Љ.И.(55) и С.И.(52), сите од Скопје, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – лиценца за вршење меѓународен превоз на патници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведено лице избегало при спроведување кон Затвор Куманово

– Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата, стои во соопштението.

Никола Ивановски