На Табановце откриени автобуси без соодветна документација

Сподели со своите пријатели

Триа автобуси биле откриени на Граничниот премин Табановце дека вршат меѓународен превоз на патници без соодветна документација.

Loading...

Едниот од нив бил со кумановски регистарски ознаки.

– При контрола на автобус со кумановски  регистарски ознаки, управуван од Р.А.(52) од Куманово, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Тетово и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(67) од Скопје било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени биле соодветни санкции за возачите и правните лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Липково до 15 часот?

Никола Ивановски