На Табановце и Богородица се чека најмалку 30 минути

Сподели со своите пријатели

На граничните премини Богородица и Табановце на македонска страна, според извештајот на АМСМ се чека околу 30 минути, а на останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Loading...

Што се однесува до влез во Македонија од грчка страна, се претпоставува дека редиците ќе бидат долги, со оглед на големиот наплив на граница после продолжениот викенд.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува внимателно возење и почитување на сообраќајните знаци и ограничувања на брзината.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.