На Табановце е спречен шверц на детектор за злато вреден 250 илјади денари

Сподели со своите пријатели

 Нов сет детектор за откривање на благородни метали марка NOKTA Golden King deep processor radar plus во вредност од 250 илјади денари, пронајден во два црни куфери, сместени на задните седишта на италијански автомобил, управуван од македонски државјанин, кој се проијавил за влез во државата бил откриен на граничниот премин Табановце, јавува Царинска Управа во неделниот извештај за заплени.

Loading...

Во текот на разговорот, осомничениот изјавил дека детекторот го нарачал преку интернет, а му пристигнал на адресата каде привремено престојува во Италија. Целта му била да го донесе во Македонија и да го користи за пронаоѓање на благородни метали.

Против осомничениот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење„.

Цариниците на Табановце пронашле и седум употребувани делови за влекач марка SCANIA (алансер, алтернатор и дизни), пронајдени во под куферите во багажниот простор на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, а пријавено за излез од државата.

Против прекршителот е покрената прекршочна постапка.