На својот имот пронашол гробница стара 3.400 години (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Два сандаци и десетина предмети од доцниот период од Минојската цивилизација лежеле испод маслиново дрво на грчки земјоделец, кој не ни сонувал дека на неговиот имот на југоисточниот дел на Крит се наоѓа древна гробница.

Кога се обидел да го паркира својот автомобил во сенка под маслинката, земјата под возилото започнала да тоне. Откако го поместил, забележал дека се отворила дупка широка околу метар и половина.

Набргу сфатил дека наишол на нешто историски важно, па ја повикал локалната археолошка служба.

 

Loading...

 

Експертите утврдиле дека се работи за гробница од доцниот период на Минојската цивилизација, која содржи два ковчези (секој со по еден скелет).

Пронајдени се и десетици парчиња украсни грниња.

– Според керамичката типологија, гробницат аможе да датира во доцниот период на Минојската цивлизација, од 1400. до 1200. година пред нашата ера, објаснуваат археолозите.

Гробницата се наоѓа на два и пол метри длабочина, и ова како што изгледа, е прв пат да биде отворена.

 

 

Двата погребни ковчези, направени се од глина, во одлична се состојба и богато украсени со орнаменти. Во секој од нив се наоѓал по еден костур од маж.

Поради начинот на кој гробницата е изградена и украсена, археолозите сметаат дека се работи за подинцки со висок статус.

Leave a Reply