Јан Карбат, лекар и поранешен директор на банка за сперма во Барандрехт на југот на Холандија, осомничен е дека повеќе пати користел сопствена сперма наместо онаа од избраниот донор.
Резултати од серија ДНК тестови покажуваат дека Карбат е биолошки татко на 39 деца, наведува организацијата „Defence for Children“ и додава дека резултатите од анализите ја потврдуваат претходната сомнеж дека Карбат ја користел сопствената сперма.
Скандалот избил во февруари кога судот одлучил да земе примероци од ДНК од облеката на Карбат по сомнежите на неколку родители кои ги користеле услугите на банката за сперма.
Карбат (89) пред смртта признал дека има околу 60 деца, додека работел во банката за сперма, која во 2009 година е затворена поради сомнителна дејност.
Децата за кои постоело сомневање дека биолошки татко им е Карбат, поднеле потоа кривична пријва за да се утврди нивното татковство.
Адвокатите на децата рекле дека некои меѓу нив и физички личат на Карбат.
Одбраната на поранешниот директор навела дека треба да се почитува правото на приватен живот на клиентот на банката за сперма.
Организацијат анавела дека по година дена неизвесност, децата можат да го затворат тоа поглавје и да зпочнат да се привикнуваат на фактот дека се едни од бројните потомци на Карбат.