На шпанската лотарија „Дебелко“ извлечена премија од 400.000 евра (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Сопствениците на ливчето бр. 26590 ја освоија големата награда на најголемата божиќна лотарија во Шпанија.

Loading...

Добивката од 400.000 евра излезе од големиот сад, а целиот настан бил пренесуван во живо на телевизија, пренесува АП.

Неверојатно популарната лотарија, позната како „Ел Гордо“ (преведена како „Дебелко“) оваа година бележи исплата од вкупно 2,24 милијарди евра, вклучително и многу помали награди.

Другите лотарии имаат поголеми индивидуални награди, но „Ел Гордо“, што се одржува секоја година на 22 декември, е рангирана како најбогата лотарија во светот по вкупна сума на награди.

Победничките ливчиња биле продадени во провинциите Тарагона, Саламанка, Аликанте, Барселона, Мадрид, Мурсија и Севилја.

Leave a Reply