На 21.08.2019 во 11.00 часот во СВР Куманово, претседателот на Месната заедница „Шупли Камен“, Г.С. (52) пријавил дека за време на протест и блокада на патот во селото Шупли Камен, физички бил нападнат од непознато лице кое управувало товарно возило.
Според пријавеното, во наведеното време на местото пристигнале две товарни возила, по што возачот на првото возило излегол и физички го нападнал Г.С. и со непознат предмет му нанел повреда на вратот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Куманово.
Во 20.00 часот во СВР Куманово, Л.З.(57), државен водостопански инспектор во Државен инспекторат за животна средина, пријавила дека истиот ден околу 15.30 часот, додека вршела службени задачи заедно со водстопански инспектор, по извршениот увид на речното корито на река Пчиња, Б.Н., вработен во сепарација во река Пчиња, насилно се обидел да и го земе записникот, но бил спречен од полициски службеници.
Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Куманово