На полноќ започнува предизборниот молк

Сподели со своите пријатели

Вечерва на полноќ започнува предизборниот молк, кој ќе трае до среда до 21 часот, кога ќе се затворат избирачките места.

Loading...

Гласањето започнува утре, и за прв пат во историјата на земјава, ќе трае три дена, поради ситуацијата со коронавирусот. Утре ќе гласаат заболените од коронавирус, оние кои се во изолација, самоизолација и државен карантин.

Вкупно 716 од нив ќе гласаат во своите домови, со асистенција од медицинските работници.

Во вторник гласаат 8.852 стари и изнемоштени лица, како и оние во старечки домови, во затвор или домашен притвор.

Во среда гласаат сите останати полнолтени лица под посебен протокол за гласање.

Пред гласачкото место секој гласач ќе мора да оддржува соодветно растојание од 1,5 до 2 метра. На влез лицето ќе мора задолжително да ги дезинфицира рацете. Откако ќе влезе, на соодветно растојание накратко ќе мора да ја извади маската, за да може членовите на избирачкиот одбор да го идентификуваат. По гласањето, повторно задолжително ќе мора да ги дезинфицира рацете. Носењето маска е задолжително, а ракавици не.

Ова се десетти парламентарни избори во независна Македонија, односно петти предвремени избори.

Leave a Reply