На покривот на ресторанот израснале 200 стебла марихуана: „Не знам од каде, но храната е одлична”

Сподели со своите пријатели

Сопственикот на зграда во центарот на Мелбурн се шокирал кога се качил да изврши рутинска проверка на врвот на зградата. Пронашол повеќе од 200 стебленца марихуана како растат на покривот и веднаш повикал полиција. Случајот го поврзале со човек кој го изнајмува популарниот ресторан „Титаник“ на приземје, но тој тврди дека нема никаква врска со тоа.

Loading...

– Ресторанот мораше да биде затворен поради короната. Не сум го посетил одамна. Додека работевме бевме преполни и познати по одличната храна – вели сопственикот на ресторанот Луис Нгујен.

 

 

Ресторанот е на мегапопуларниот филм од доцните 90-ти и сопственикот отфрла каква било поврзаност со контроверзните растенија.

– На некои луѓе им должев пари за работата. Бидејќи не работиме, од тогаш не одам таму. Нема врска со нас. Се надевам дека наскоро повторно ќе можеме да ја отвориме вратата за посетителите. Шокиран сум. Моето семејство тешко го поднесува ова – изјави Нгуен за австралиските медиуми.

Полицијата кусо соопшти дека истрагата е во тек, бидејќи сигурно тамошните растенија не биле сами посадени, ниту пак опремата за нивно одгледување паднала од небо

Loading...