На почетокот на кариерата, никој не сакал да го вработи: Неверојатна причина зошто Илон Маск станал бизнисмен

Сподели со своите пријатели

Маск е најпознат по својата работа како извршен директор на SpaceX и Tesla, но се чини дека основањето на сопствената компанија не било во неговиот првичен план.

Loading...

Според корисникот на Твитер, Пране Патоли, Маск првично аплицирал за работа во интернет компанијата Нетскајп во 1995 година.

 

 

Патоли на социјалната мрежа напиша дека Маск „го испратил своето CV, поминал извесно време во холот на компанијата, но тој бил премногу срамежлив за да разговара со некого“.

– И така тој ја основа својата интернет компанија (Zip2) затоа што не можел да најде работа на друго место – напишала Патоли.

Маск ја потврди приказната, објаснувајќи дека „можел да најде работа, но не во некоја интернет компанија (немало многу од нив во тоа време)“.

Loading...

Одговорот на Маск имаше 60.000 лајкови и илјада коментари, вклучително и еден корисник кој напиша: „Лекцијата од приказната: Треба да бидете срамежливи за да постигнете огромен успех“, додека друг рече: „Се обложувам дека жалат што не ве вработиле“.

 

 

Маск го водеше Zip2 четири години, пред компјутерската компанија Компак да ја купи технолошката фирма за околу 305 милиони долари во 1999 година.

После тоа, тој беше ко-основач на PayPal, кој eBay го презеде во јули 2002 година за 1,5 милијарди долари.

Потоа, го основаше Space X во 2002 година, кој оттогаш достигна вредност од околу 74 милијарди долари.

Leave a Reply