На почетокот на август, над 1.000 работници на Амазон на штрајк

Сподели со своите пријатели

Над 1.000 работници на Амазон од два логистички центри во Англија ќе штрајкуваат на почетокот на август, соопшти денеска британскиот синдикат GMB.

Loading...

Причината за штрајкот е несогласување околу платите, пренесува Ројтерс.

„Овој работнички протест ќе се прошири. Јасно е дека битката за правата на работниците во Амазон само што почнува“, рече претставничката на синдикатот GMB, Рејчел Фаган.

Работниците на Амазон во градот Ругели ќе протестираат на 3 и 4 август, а вработените во логистичкиот центар во Ковентри на 4 и 5 август, се додава во соопштението на ГМБ, пренесува Танјуг.

Обединетото Кралство оваа година се соочува со серија штрајкови, при што неодамна протестираа и лекарите специјалисти и помладите лекари.