На патот Речица – Ваксинце спречен шверц на 73 мигранти (фото)

Сподели со своите пријатели

image-001Вкупно 73 мигранти од Авганистан, Сирија, Пакистан и Бангладеш утринава околу шест часот биле откриени на локалниот пат од село Речица- село Ваксинце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Мигрантите биле откриени при контрола од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Белановце на товарно моторно возило марка „Волво“ со скопски  регистерски ознаки а управувано од М.Д.(35) од Велес, кој мигрантите ги рпевезувал за паричен надомест.

Loading...

Истиот е приведен и во моментов се врши разговор. Известен е јавен обвинител за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.