На Пакистан му треба помош од 16 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска повика на голема помош за обнова на Пакистан од 16 милијарди долари по разорните поплави, велејќи дека земјата е жртва на климатскиот хаос и глобалниот финансиски систем.

Loading...

Официјални лица од околу четириесет земји, приватни донатори и меѓународни финансиски институции се собираат во Женева, а Исламабад бара поддршка во она што може да стане тест за тоа кој плаќа за климатските катастрофи.

„Пакистан е двојна жртва“

Во септемвриските поплави, кои сè уште се повлекуваат, загинаа најмалку 1.700 луѓе, а околу осум милиони беа раселени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

„Мораме да го усогласиме херојскиот одговор на народот во Пакистан со нашите сопствени напори и огромни инвестиции за зајакнување на тамошните заедници во иднина“, рече Гутереш во воведниот говор.

„Пакистан е двојна жртва на климатскиот хаос и морално банкротиран глобален финансиски систем“, додаде тој, повикувајќи на креативни начини за земјите во развој да пристапат кон олеснување на долгот и финансирање.

Пакистанскиот премиер повика на „коалиција на спремни“

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф повика на нова „коалиција на подготвените“ за спас на неговата земја, велејќи дека ѝ требаат осум милијарди долари во следните три години.

Франција најави проекти во вредност од 360 милиони евра за помош во реконструкцијата, пренесува АФП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

„Во Пакистан решивме да мобилизираме 360 милиони евра во проекти кои ќе бидат отворени како одговор на реконструкцијата и адаптацијата на климатските промени“, рече францускиот претседател Емануел Макрон во видео пораката.

Loading...

Тој додаде дека Франција ќе придонесе и дополнителна итна помош во вредност од 10 милиони евра.