На оваа крстосница кога ќе се запали зеленото светло, 2.500 луѓе преминуваат истовремено (видео)

Сподели со своите пријатели

Познатата раскрсница Шибуја во Токио дефинитивно со причина стана туристичка атракција на престолнината на земјата каде заоѓа Сонцето.

На неа во моментот на сообраќаен шпиц и крајот на работното време за само пет минуги се појавуваат неколку илјади луѓе. Попрецисно, 2.500 граѓани преминуваат неколку „зебри“ за само 180 секунди.

Loading...

Значи, за десетина минути на Шибуја, се појавуваат толку луѓе како на еден просечен фудбалски натпревар.

Затоа жителите на Токои гордо истакнуваат дека на Шибија чука вистинскиот пулс на градот што и повеќе добива на впечатливост ако се запази со која смиреност и агилност во ист мав луѓето минуваат од еден крај на улицата на другиот.

https://www.instagram.com/p/10e5bWPgZn/

Најубаво е веројатно во петок навечер кога десетина илјади Јапонци тргнуваат за забава па Шубија, во комбинација со неонските светлечки реклами од од околните згради, изгледа како најатрактивна модна писта.

https://www.instagram.com/p/BZ3yJ_3gPBb/

Како тука се наоѓа и најпопуларната и најважна железничка станица со премин на последниот воз и Шибуја знае да потоне во краток, но освежувачки сон.

https://www.instagram.com/p/1VI3TgFOoa/

Колку Шибуја важна станица за Јапонците покажува и тоа дека секоја година на неа се приредува и пречек на Новата година, последен пат на прославата присуствувале 70.000 луѓе.

Шибуја светот ја запамети уште по нетшо. Среде општа бучава и хаос се наоѓа со еден мал споменик поставен на работ на платото, покрај самиот пат. Споменикот е посветен на Хачик, малото куче од расата акита кое девет години на тоа место и чекал од работа да се врати неговиот починат сопственик.

Платото пред станицата Шибуја краси и голем ѕиден релјеф на кој се прикажани Хачико и неговите браќа и сестри.

Секој 8. април стотина љубители на кучињата се собираат пред статутата на Хачико во Шибија да му одаде почест за бескрајната верност.

https://www.instagram.com/p/BPg9-sFghdu/

Loading...