На македонско-бугарската граница уапсени џихадисти од Косово, поседувале снимки со отсечени глави

Сподели со своите пријатели

Албанци на возраст од 20 до 25 години синоќа биле уапсени во бугарското село Каменичка Скакавица во близина на Ѓуешево на границата со Македонија. Во нивните мобилни телефони биле откриени видеоснимки со отсечени глави и молитви кои ги користат џихадистите и реклама за ИД, јавуваат бугарските медиуми.

Loading...

Началникот на граничната полиција во Ќустендил, Васил Митов потврдил дека се уапсени петмина странски државјани, но не изнесува повеќе детали.

Албанците патувале со автомобил, а вниманието на полицијата го привлекле кога се обиделе да ги подмитат полицајците кои ги запреле.

По приведувањето Окружното обвинителство во Ќустендил им одредило задржување од 72 часа.

Овој случај го презедоа припадниците на Бугарската државна агенција за национална безбедност, кои по сослушувањето утре ќе ги изведат Албанците пред судот во Ќустендил заради одредување притвор.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.