На Косово е уапсен ”избеганиот” терорист од кумановската група

Сподели со своите пријатели

Косовската полиција го уапсила Сулејман Османи од Брест, осомничен за настаните во Куманово, кој и побегна на македонската полиција за време на увидот на терен, јавува порталот Репортер.

Loading...

Османи, според информациите од полицијата во својот дом криел и дел од оружјето одземено од караулата во Гошинце.

Тој успеа да им побегне на полициските службеници додека на тешко пристапен терен им покажувал каде се било криено оружјето.

За овој случај беше покрената постапка против полициските службеници кои го обезбедувале.